Дете убиено.
Дете убиено од користољубие., според досегашната истрага.
Сочувство до сите блиски, апел да не се чека и да се работи на траумата на сите нејзини блиски, вклучувајќи ги соучениците.
Ако државата не успее да реагира доволно брзо (иако би морала), да се вклучат психолозите преку комора или некако.
Ова е незамисливо ужасна вест.
Среде град, на многу прометно место, среде утро кога сите одат на работа и школо, дете, за корист?!:! Колкава корист очекувале од дете, за да се спремни на такво незамисливо злодело?!
Мерки за превенција? За сторителите на „помали“ дела, за репресија на сите оние убијци на животни и за сообраќајните „незгоди“ на пешачки, што прават злото и одземањето живот да се нормализира?!?! Мерки за оние „не до толку“ силеџии, за никогаш да не отидат чекор понатаму?
Ова е ужасна, неподносливо ужасна вест за која сите се надевавме дека нема да ја слушнеме.
Но не сакам да останам на ужаснатост и на „немам зборови од ужас“.
Ништо нема – за жал – да го врати ова девојче.
Нека не настрада веќе никој друг, Но секој нека го преземе своето, наместо вечните меѓусебни препукувања, саботирања, дилови и веќе аман.
ФБ став на Јасна Шоптрајанова