Твитер корисниците му дадоа поддршка на директорот на КЗБ, Жарко Караџовски, кој денеска даде објаснување во врска со неговото работење и одговараше на новинарски прашања.

Тој изјави дека со ниеден свој говор или изјава не охрабрил било кое население или религиска група дека вирусот е победен.

„Морам да кажам Филипче ми е 13-ти министер досега, директорот на ИЈЗ ми е 9-ти директор, ми пречат обвинувањата во медиумите дека сум бил политички активен и сум имал скриени политики, но јас ќе издржам затоа што сум јак како куче“, дополни директорот на КЗБ и уште еднаш повика да се здружиме сите партии и политики во земјава во борбата против пандемијата.