Зошто Христијан Мицкоски ниту збор не искоментира за приведувањето и за притворот на Орце Камчев? Зошто ниту збор не кажаа ниту Антонијо Милошоски, Александар Николоски и сите други од раководството на ВМРО-ДПМНЕ…
Нема никаков коментар ниту на ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ… А за ‘путерот’ веќе имаат две соопштенија…
За притворот на Орце Камчев коментар нема ниту Димитар Апасиев… Иако тој секојдневно коментира за се’…
Молчат и сите други партии коишто јавно или тајно се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ… Молчат и многу т.н. „неутралци“…
Единствено неколку новинари и аналитичари ‘храбро’ застанаа во одбрана на Орце Камчев…
Миленко Неделковски, Александар Пандов, Бранко Героски…
Миленко и Пандов уште објавиле заеднички фотографии со Камчев… А на една од тие фотографии Орце Камчев е фатен за вмровско знаме на коешто пишува „Слобода или смрт“…
Во одбрана на Камчев застана, се разбира, и адвокатот Тони Менкиновски, којшто е претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и личен пријател на в.д. лидерот Христијан Мицкоски…
Ви текнува ли на оние аудио-снимки од јуни минатата година во коишто Мицкоски го информира Кичеец дека се среќавал со Орце Камчев?
ФБ статус на Ацо Лукароски