Бидејќи во едно друго време отворено беше против билбордите и скапо платените реклами за политички цели, дали од денешна перспектива Гордана Силјановска-Давкова сè уште исто толку енергично го застапува ставот дека “мамутските слики” на билбордите низ градот ја потсеќаат на Северна Кореја?
Дали и сега е исто толку згрозена кога нејзините слики и сликите на нејзините партиски колеги висат на секој агол или сега имаме драстична промена на ставот што и не би било големо изненадување за политичката опција под чии симболи се претставува, а од која понекогаш се дистанцира или оградува?!







































