Деновиве сме сведоци на многу реакции во медиумите и социјалните мрежи кои потврдуваат дека повторниот пик што ни се случува деновиве е исклучиво заради личната неодговорност на добар дел од граѓаните кои сметаат дека коронавирусот е измислица и никогаш не ни постоел, односно се работи за обично заболување налик на грип. Подобар демант за ваквите неверници нема од лично искуство на паталец, кој како што самиот тврди на приемот на Инфективната клиника бил 99% мртов заради тоа што коронавирусот имал зафатено 90% од неговите бели дробови и дишел на шкрги. Репортажата на Телма помеѓу лежечките пациенти на Инфективната клиника е добра лекција за сите кои сè уште не почитуваат заштитини мерки заради тоа што не веруваат во постоењето на коронавирусот.