“Апелираме немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата. Тоа ќе донесе нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови, јавниот сектор, приватниот. Ве предупредуваме немојте да го направите тоа за доброто на државата, да ја зголемувате така вештачки платата. Немојте да си играте поради вашето незнаење. Да ја зголемувате така вештачки платата, создавате притисоци за зголемување на останатите плати, правите ршум во компаниите” вака Трајко Славески од истото студио на Телма ТВ во месец септември 2019 година ја повикуваше Владата на СДСМ да не ја покачува минималната плата.

Во вчерашната ТОП тема на Телма ТВ истиот Трајко Славески најавува раст на минималните плати доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Па какви двојни аршини се тоа?!

Извор на видео: Сеир