Како тече времето, се чини лидерот на опозицијата го зафаќа се’ поголема амнезија?!

И покрај тоа што јавноста слушна дека Христијан Мицкоски имал директни контакти со Зоки Кичеец, па дури и барал помош на терен во охридскиот регион во пресрет на претседателските избори, Мицкоски не пропушта прилика да се заплетка во своите лаги околу контактите со Кичеец.

Прво го познавал, па не го познавал, па се сретнале, па не се сретнале, па важно било дали имало инкриминирачка димензија, а не дали се сретнале?!

Времето веројатно ќе покаже зошто Мицкоски е толку сензитивен на името на Зоран Милески?!