Вчера на социјалната мрежа Твитер, новинарот Фуркан Салиу од ТВ Клан објави видео од прес-конференцијата на претседателот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијатро по повод унгарската донација од 100 000 маски и 5 000 скафандери.
За време на прес-конференцијата новинарот Салиу со отворено прашање до Мицкоски:
“На почеток се обидовте да ја елиминирате таа врска на ВМРО со господинот Груевски, ама еве веќе не се ни криете. Јасно е дека таа врска функционира сèуште, изгледа заборавате дека се работи за криминалец којшто е избеган од оваа држава и се бара да отслужи казна?!” – запраша Салиу.
На ова Мицкоски со одговор: “Претпоставувам вие сте мотивиран од помлад новинар со ова со криминалцитете, па и мене ме поврзувате и го поставувате тоа прашање.”
Во продолжение следуваше прашање и до унгарскиот министер Сијатро:
“Господине Сијатро дали секогаш го правите ова, односно дали после официјалните средби одржувате прес-конференции со опозицијата или во овој случај се работи за силното влијание што господинот Груевски го има врз господата Орбан и Мицкоски?”
Да разјасниме, нигде јас не реков дека Мицкоски е криминалец 🙂
BTW кој е тој помлад новинар, нека крене рака 😊 pic.twitter.com/OIamjyqOmF
— FurKlan (@FurkanSaliu) April 6, 2020