20-тина луѓе пред неколку дена беа приведени во кафеана во скопско Стајковци бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот.

Меѓу нив беа и новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“.

„Супер била журката на Пандов, Миленко, Панчевски и компанија во Стајковци. Дистанца, четворица на маса, и сите други протоколи испочитувани…“ – реагира јавноста откако се појави видео толку од таа журка.