Голема е желбата на оперскот пејач Игор Дурловски да влезе во парламент, иако сите бевме сведоци дека тој еднаш веќе влезе и тоа на најсрамен можен начин. Да има малку доблест и грижа на совест би требало да го заобиколува објектот во широк лак, ама не е така?!

Со оглед на фактот дека за ВМРО-ДПМНЕ “27 април” бил чин на патриотизам, патриотот Дурловски, покрај наводната финансиска награда за која има изјава на сведок, како награда денеска е носител на ИЕ 5, со огромни амбиции да стане политичар.

И така Дурловски ја шеташе Македонија во сите правци и снимаше туристички спотови во предизборие, ама изгледа не успеал да запамети ниту кои се населените места во ИЕ 5, а ни што ќе гради.

Следниот пат барем нека му ги напишат во писмена форма, можеби ќе ги отпее?!