Во борбата за градоначалничката функција во скопската општина Карпош влегоа Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ, Душко Весковски од СДСМ, Дарко Ристовски од Левица, поранешниот прв човек на општината – Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Христа Најданов од ЛДП и ДОМ и Васко Костов од Македонска ера трета.

Тие во вчерашното предизборно соочување на телевизија Телма дадоа големи ветувања за развој на општината.

Во дебатната емисија кандидатот за градоначалник од СДСМ Душко Весковски истакна дека советникот од „Левица“ во Општина Карпош е единствениот советник во земјата којшто нема поднесено анкетен лист, единствениот советник кој гласа гласа воздржано или гласа негативно, дури и кога се работи за донација на прочистувачи на воздух во градинки!!!

За изнесеното Весковски побара одговор од кандидатот на Левица, Дарко Ристовски дали и понатаму ќе продолжи истата пракса во општина Карпош доколку имаат советници.