коментира: Ивана Зафировска

ВМРО-ДПМНЕ ја започнува кампањата „Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”, најави на прес-конференција генералниот секретар Игор Јанушев. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посетат секој дом, секое населено место и ќе разговараат со сите граѓани?!

Да прашам, кои тимови Јанушев? Тие што едвај ги собирате? Па не можевте дури ваш член да понудите за прв човек на МВР, теравте неуставни понуди и малверзации и на крај понудивте „кавгачија“.

Ќе менувал сè Чулев, дури и возниот парк му „падна во око“.

Тимовите во Парламентот составени од Илија Димовски, Антонијо Милошоски?! Па господата не се ни појавија на конгресот во Валандово да гласаат за претедателот на ДПМНЕ, Мицкоски. Па вие и меѓусебе не се сакате, водичот не си го признавате. Сега некако се обединивте, а? Кажи ја тајната Јанушев, понуди откровение!

Понатаму вели, „тимовите ќе почнат со посетите на руралните средини од следниот викенд, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен“.

Е, со ова сериозно ме изнасмеа. Што ќе им кажете на напатените луѓе? Дека мора да го вратите бегалецот Груевски и да ги вратите во колосек? Многу вицкасто, тера накај британски хумор. Што ќе им кажете на луѓето? Дами и господа, програма во 100 чекори, како се бега од затворска казна, како совршено да изведете криминално дело, како беспрекорно да неместите тендер, како да ограбите народ? Подучете ги, може ќе им треба, не се знае, секакви времиња ќе нè навасаат.

И на крајот, бурлеска.  „Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално-рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме“. Неверојатно! ВМРО ќе работи за граѓаните? Како досега што работевте, Јанушев?

А и Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“.

Па Јанушев, ова веќе не е партија, ова е секта „Мицкојавление“. Вие сте „водичи“, „месии“, учевте од најдобриот (азилантот), и сега ќе нѝ докажувате дека „учениците го надминаа учителот“?

Најдобрите лекции од вас се „како да ДРПНЕш и да киднеш без око да ти трепне“, „како да пренесете  жеден народ преку вода“, „како погрешно да користиш лопата“ и „ како да исечеш 10 000 ленти за отворање НИШТО, без да се сецнеш на кажипрстот“. А да, ни треба дообука и за контрапротести, не се доусовршени.

Не фала, не сакаме да знаеме.  „Од врата на врата“ – Море сиктер од пред моја врата!

И да не ви текне да отворате врати како во Собрание на сила, зошто овој пат од другата страна немате народ за поддршка…. А и реално, нема кој да ви отвори.

Извор: Frontline