Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.
Според православната вера на овој ден се пали оган се крши лепче со паричка, се топли ракија. Кај кого ќе падне паричката тој е кум за следната Василица.
Сите кои имаат име Васил, слават именден.