На денешен ден, 22 јануари, во 1788 година, во Лондон, роден е Џорџ Гордон Бајрон, англиски поет. Тој бил олицетворение на слободен човечки дух во бунтот против поредокот и рамките на тогашното општество, па оттука и неговата голема популарност кај европските народи, кои биле под јаремот на туѓинскиот и на домашниот деспотизам. Негови најголеми поетски дела се “Чајлд Харолд”, “Каин”, “Манфред” и “Дон Жуан”. Умрел во грчкото гратче Мисолонги, на 19 април 1824 година.
Почетна НА ДЕНЕШЕН ДЕН (ЗАЕДНИЧКИ УЧИМЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА) 22 јануари 1788 роден е еден од најголемите поети во историјата на...
22 јануари 1788 роден е еден од најголемите поети во историјата на литературата
33