На денешен ден во 2015 година одекна седмата “бомба” од проектот “Вистината за Македонија” со која Заев објави 40 снимки од разговори кои укажуваат на изборни манипулации на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година.

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ:

  1. “Имаме по 50 души у стан.” – Јанкулоска со Кирил Божиновски за гласачите од Пустец
  2. “Битно човечињава за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста. Циркус, Медрано“ – Јанкулоска до Протоѓер за гласачите од Пустец
  3. “306 775 бројот да го ставиш вон употреба. Од СДСМ, лобираат. Да го ставиш вон сила, да не можат да вртат“ – Јанакиески до Мишева
  4. “Ние секогаш кога има митинг, било кој, на технички преглед ги праќаме автобусите, да има помалку луѓе. ДУИ не носат многу луѓе, ама СДС салата ги праиме” -Јанкулоска до Јанакиески
  5. “Ние во МВР, ВМРО, МВРО, два штаба имаме… Еден партиски, еден за странците кај што ги носиме. Не се устручаваме ништо. Кол центар имаме у МВР” – Јанкулоска до непознат соговорник
  6. “Циганиве сите излегле, околу 60 и колку, 68 гласа. Сега им обеќаме некои 25 пакети со брашно“ – Јанакиески со непознат соговорник
  7. “Гоцо, дај бе за таксиво малку ангажирај се. Сите комуњари у Центар тие ги носеле. Земи му ја лиценцата“ – Јанакиески до Јанкулоска