На денешен ден во 2015 година, како дел од проектот Вистината за Македонија, слушнавме доста интересен разговор помеѓу Ивона Талеска и колегата Драган Павловиќ-Латас.

Во разговорот Талеска изјавува: „Во 2013-та, на крај, 1 милион и 300 илјади евра ќе легнат на моја сметка, на Визарис“. Додека да и легнат парите на сметката, Талевска вели дека ќе живее како „мечка у пештера“ и нема да се „луксузира“, за да не се прават потреси. Морала да мисли и на утре, немало кој да ја покрива?!