На денешен ден во 2015 година лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев, ја пукна 21-та “бомба” која откри еден куп манипулации и индиции за сторен криминал и злоупотреби од страна на власта на Никола Груевски во Охрид, градот-бисер на Балканот.
ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ И НИКОГАШ ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ШТО СЛУШНАВМЕ:
- за време на локалните избори во 2013 година, сите државни институции биле злоупотребени за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, дури биле ангажирани и пара полициски структури;
- слушнавме разговори од кои лесно може да се заклучи како власта планира да го затвори поранешниот градоначалник на Охрид;
- како се прават местенки и нарачки во провладините медиуми, невин човек, да биде јавно оцрнет и понижен;
- се договара вцртување на имотот, промена на планови, урбанизација и можна продажба на земјиштето, иако на тоа место било планирана туристичка развојна зона и заштита на Студенчишко блато како споменик на природата;
- се бара ангажман на високи полициски функционери во предизборните активности во Лескоец;
- слушнавме како Гордана Јанкулоска, иако констатира дека Протоѓер ги зел, како што вели, „најголемите багабонти у МВР“, ништо не превзема за сопирање на нивното насилство во Охрид и многу други местенки и злоупотреби кои не доликуваат на демократско општетство во 21 век.