Секоја година 8. март се одбележува како Меѓународен ден на жената, откако овој датум и официјално беше прогласен од страна на Обединетите нации во 1975 година.

Борбата на жените за еден ваков датум, датираат уште од иницијативата на Клара Цеткин од Германија, која бара 8. март да се слави како Меѓународен ден на жената во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, одржани под називот „Борба за општо право на глас“.

Сето тоа официјално е потврдено од ОН во 1975 година, при што веќе 42 години се одбележуваат достигнувањата и придонесите на жените во сите полиња во општеството.