На 6 август 2016 година над територијата на Македонија се случува временска непогода која најпрвин го зафаќа полошкиот регион, а подоцна со поголем интензитет и целиот скопски регион. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.

Од Министерството за внатрешни работи информирале дека се пријавени 22 загинати лица во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Најголем дел од починатите биле возрасни граѓани, најмногу болни и изнемоштени лица. Најмладата жртва во невремето беше двегодишно дете. Според кажувањата на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили.

Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22-та жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко. Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле.