На денешен ден, 02 јануари, се случиле следните настани во историјата:
1839 Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината.
1905 Над селото Кнежево, Кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7 јануари истата година.
1946 Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на Советскиот Сојуз, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција…“.
1959 Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советскиот брод без екипаж „Луна I“.
1971 Во Глазгов, за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Селтик“ и „Ренџерс“ загинале 66 навивачи поради уривање на дел од трибината.