На денешен ден 1573 година, под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци.
Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година.
Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна”.