На денешен ден во 1822 година повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Негуш го прогласија избувнувањето на Негушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
Причините за пропаѓањето на Негушкото востание главно лежат во фактот што востанието имало локален карактер. Востаниците не успеале да ги прошират воените дејствија надвор од Негуш бидејќи во Македонија тогаш имало концентрирано голема османслиска воена сила, особено во Битола и Солун, која можела да угуши секаква востаничка акција. И покрај неуспехот, Негушкото востание зазема важно место во историјата на македонскиот народ.