На денешен ден во 1942 година близу Плетвар загинале народните херои Борка Талески – Црниот и Лазо Колевски – Левски кои се бореле против фашистичкиот окупатор.
Талески заедно со Лазо Лавски оперирале според плановите на организацијата. Така, во 1942 година се нашле на патот Прилеп-Кавадарци. Тие биле заглавени кон правецот за врвот од Козјак, каде имало густа магла. Во меѓувреме наслушнале дека кон нив наидуваат камиони. Првично тие верувале дека се германски камиони. Сепак, поради предавство на тогашниот кмет на селото Царевиќ, Талески и Лавски биле опколени од бугарските сили бугарските и биле свирепо изрешетени.