На денешен ден во 1991 година во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија.

Владата на Македонија од 1991 година е прва влада на тогашната Социјалистичка Република Македонија избрана по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. Избрана е од Собранието на Република Македонија на 20 март 1991 година. На нејзино чело е избран Никола Кљусев, а таа по својот карактер беше техничка влада.