На денешен ден во 2011 година се венчаа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во Вестминстерската опатија во Лондон пред 1900 поканети гости. Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во централниот дел на Лондон, а околу 2 милијарди луѓе во светот преку телевизиски пренос ја следеа венчавката. Неколку часа пред венчавката беше објавено дека Вилијам е назначен за Војвода од Кембриџ, како што е вообичаено за кнезовите по повод нивните свадби.