На 02 март 2015 година Зоран Заев ја објави шестата бомба во која тогашните министри во владата на Никола Груевски, Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска, во разговор констатираат дека приходите во државата се катастрофа, на што тогашниот министер за финансии Ставрески очајнички констатира: “Ние сме лудаци, немаме леб да јадеме, а трошиме на чоколадо!”.

Според Заев, емитуваните разговори меѓу Ставрески и Јанкулоска покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени во прашање платите на вработените во администрација. Да бевме Америка немаше да издржиме, вели машкиот глас во разговорите, за кој Заев тврди дека е на вицепремиерот Ставрески.

Заев рече дека со овие разговори се покажува зошто Јанкулоска и Ставрески се најприслушуваните министри од страна на премиерот Никола Груевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Според него, емитуваните разговори покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени во прашање платите на вработените во администрација.

„Приходите се катастрофа, на дрво да ги берев парите, ова не се издржува. Сто пати реков не иде вака“, вели машкиот глас во емитуваните разговори.

На што женскиот глас вели: „ Не можеме да плаќаме ни струја, ни телефони, дај да ги скратиме платите“, а машкиот глас предлага:

„Избркај 500 луѓе од администрација и готова работа.“

Машкиот глас во еден од разговорите вели дека тој секогаш излегува лош пред луѓето оти секогаш треба да ги каже сите лоши работи.

„Во оваа држава не сака никој да се соочи со реалноста. Не можам да ви ги правам буџетот на сите министерства“, вели машкиот глас.