На денешен ден во 2018 година беше потпишан Преспанскиот договор — меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Договорот беше потпишан во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро. Истиот беше потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Договорот претставува решение на спорот за името Македонија и со него се воспостави стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и Грција. Според истиот, нашата држава го промени своето име во Република Северна Македонија, а Грција го призна државјанството како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, и се согласи службениот јазик на државата да се именува како македонски јазик. Благодарение на овој договор, нашата држава стана полноправна членка на НАТО, и доби зелено светло за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.