На денешен ден во 2017 година во јавноста конечно беше објавена информацијата која тогаш на секој разумен човек веќе му беше јасна.

Замислете, палмите не ја преживеале скопската зима? Навистина многу чудно, некоја чудна сорта на палми, не им била погодена климата?!

Да не заборавиме дека на новинарско прашање “Зошто одбравте палми за Скопје, наместо некој друг вид карактеристичен за ова поднебје?”, тогашниот градоначалник со огромна доза на иронија одговори: “Е, не, багреми ќе садиме”. Палмите потсетувале на море, на плажа…

Истиот тој Коце по неполни 3 години со огромна жалост за залудно потрошените пари на граѓаните со коментар: “Направивме сè, ама некогаш не можеме против природата”. Навистина срцепарателно.

И така Коце засади околу 1500 палми, секоја по 500 евра, плус набави тушеви и прскалки, опрема за одржување, ладење, греење, ѓубре од калифорниски црви, ама изгледа на неблагодарните палми пак нешто им фалело?!