На денешен ден, 3 јануари, во 1945 година, во Скопје започнало да излегува првото детско списание на македонски јазик во Македонија, „Пионер“. Неговите први уредници биле писателот Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.

Останати настани кои на денешен ден се случиле низ историјата се:

1918 Признаена е независноста на Финска.
1945 По наредба на главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, била формирана Командата на градот Скопје.
1961 САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.
2009 Сатоши Накамото го произвел првиот биткоин.

На денешен ден родени се:

106 п.н.е. Цицерон — римски државник.
1840 Отец Дамјан — белгиски свештеник.
1849 Адријан VI — римски папа.
1867 Андон Димитров — еден од основачите на МРО.
1901 Нго Дин Дием — првиот претседател на Јужен Виетнам.
1902 Умберто Барбаро — италијански режисер.
1919 Херби Николс — американски џез-музичар.
1920 Милан Срдоч — српски и југословенски глумец.
1926 Џорџ Мартин — британски музички продуцент.
1929 Серџо Леоне — италијански режисер.
1933 Хисен Рамадани — македонски политичар и политиколог.
1945 Стивен Стилс — американски рок-музичар.
1946 Џон Пол Џонс — англиски рок-музичар, член на групата „Лед Цепелин“.
1956 Мел Гибсон — американски глумец.
1957 Бојан Крижај — словенечки и југословенски скијач.
1969 Михаел Шумахер — германски возач на „Формула 1“.
1974 Алесандро Петаки — италијански велосипедист.
1985 Марко Томас — хрватски кошаркар.
1988 Џони Еванс — Северноирски фудбалер.