-А сепак… сепак, оваа ветровна деструкција не беше само со јасна симболика, дека дури и вишите елементарни сили се беа разгневиле, и како старозаветниот бог со прекраток фитиљ – Јахве, кој поради човечка изопаченост и разврат ги согорел градовите Содома и Гомора; и решиле елементите со ветерна порака да ѝ покажат на новата македонска влада како единствено треба да се справува со спомените на содомизацијата на македонскиот модернизам. Да, тоа небото над Македонија се разгневило и засакало да ѝ укаже на новата власт (во очекување) дека државниот кич е смртен грев и злостор на изопачениот вмровски режим, и дека фашистичкиот „барокен“ вкус е всушност перверзна ароганција на глупоста, црна есенција на човечкото дно, и дека не постои друг начин една култура да преживее, отколку да го поруши тој јад и да го развее во ништо.
Ќе дувне ли повторно ветерот, ќе светне ли моќно молњата, да ни го покаже патот?
Целата колумна на Мирослав Грчев за Слободен печат на следниов ЛИНК.