-Ден по контрапротестот на ВМРО-ДПМНЕ, се сведуваат математиките. Контрапротестот, уште пред да започне, падна во длабока сенка на Корона вирусот, па луѓето повеќе се занимаваа со реалните проблеми, со фактите и, се разбира, лажните вести и паниката од вирусот. Но, настанот во кој партијата со осум милионски долг во евра, вложи напори да не помине сосема незабележано. Тоа не им успеа. Веќе никој не зборува за криковите на Мицкоски од партиската говорница.
Социјалните мрежи, како и секогаш се фронтот каде што првата жртва се секогаш фактите, а пропагандата и говорот на омразата се главните оружја на армиите од партиски ботови. На почетокот на протестот, како што забележаа камерите, банерот на кој беше главната порака „Заев е виновен“ беше наопаку. Тој баксуз на организаторите ја запечати судбината на контрапротестот.
Целата колумна на Џабир Дерала за Фронтлајн на следниов ЛИНК.