До кога бре болни умови ќе ги вознемирувате граѓаните и ќе ширите паника? На меил добив порака од полиција, потпишана од државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска, да се јавам во полиција во одреден термин во врска со постапка.Ми советуваат да ги проучам доказите и со адвокат да се консултирам.И дека ваквиот начин на достави е поради заштита од пандемијата.Се вознемирив и почнав да барам информација и помош.Брзо прочитав дека самата Несторовска објавила дека е лажна вест, фалсификуван потпис и ширење паника.
Зошто во ова време-невреме ако не можат некои да помогнат, уште повеќе ја влошуваат состојбата? Зарем мислат во матно да ловат? Па сега не е матно, туку лошо време и закана за сите нас? Да не мисли некој дека по месеци ќе испливаат на површина? Море мршшшш.
ФБ статус на Катерина Цаневска