ДИЛЕМАТА НА МИЦКО:

Денес или деновиве, Мицковски треба да даде конечен одговор дали ќе учествува на закажаните избори за 5-ти јули.

Тој е во тешка дилема и мора да избере:

1. Ако оди на избори, ќе ги изгуби сигурно, потоа следи конгрес на кој ќе заврши неговата политичка кариера.

2. Ако ги бојкотира изборите влегува во ситуација, математички кажано “равенка со 100 непознати”… Што би било кога би било, што ако ова, што ако она… многу непредвилив терен, а опасен за него.

Вака или онака, не му е лесен изборот.

Нека му е лесно.

Кога решил да стане слуга на Груевски, требало да мисли дека со ѓаволот не се садат краставици.

Фактурата ќе си ја плати.

ФБ статус на Ване Цветанов