На настанот организиран од ЦИВИЛ Медиа, со наслов „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, свои обраќања имаа Павле Богоевски, Велија Рамковски, Томислав Кежаровски, Ване Цветанов, Лидија Лазова и Љубе Бошковски.
Ване Цветанов, кој одлежа притвор од 13 месеци во времето на ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат во јавноста откри дека од тогашната власт добил непристоен предлог.
“Требаше да бидам на местото на починатиот Коста Крпач. Ми беше понудено, да организирам, дневно вадење по милион до милион и пол евра во кеш надвор од државата. Секој ден. Го одбив тоа, нормално и од таму почна пеколот, за да на крај резултира со моја оставка каде го обвинив тогашниот премиер за организирање на криминал и корупција”, рече Цветанов.