Ќе се најде ли доктор за човеков?
И за тоа што не заврна снег е крив Зоран Заев?
Штом се дојде до степен, да се обвинува Заев и за временски непогоди како што е сушна зима, станува јасно каков очај се кадрите на Мицковски.
Во басните за Итар Пејо има една приказна каде што во ваква идентична ситуација, Пејо ги натерал селаните да го запалат сето сено, за од чадот да го излутеле очите на Господа, да заплачел, па ќе заврнел дожд.
Како што гледам, Цветан тргнал во таа насока. Само што далеку е Цветанчо од Итар Пејо. Народот е 100 пати поумен и повеќе информиран од него. Ги читаат неговите ефтини финти.
МЗШВ започнува проект од 500 милиони евра за модернизација на земјоделството преку откупни центри, реди серии на успеси преку ИПАРД програмите за кои Цветан и не знае што значат, а сирот Цветан се обидува да спинува дека Заев е крив што не паднал снег.
Не е крив Цветан, толку му е капацитетот, криви се тие што го ставиле на таа функција за да се глупира.
Од 2006 година во МЗШВ, цело време на функции, дрво да беше ќе научеше основни работи барем. Ама тоа е…
Ване Цветанов