Многу рокери во Македонија беа против прославата за влез во НАТО. Велеа – немаат ништо со политика, тоа е од чисто антимилитаристички, пацифистички побуди. Рокенрол. Океј.
Гледам голем дел од истите, постојано и отворено ги поддржуваат антиподите на НАТО, нашите политички путинисти и фашисти.
Ни збор на осуда, туку само поддршка и тоа отворена за оние што заговараат поништување на Преспански договор, „второ полувреме“, „чиста“ Македонија од сè што не мисли како нив.
Пацифисти и рокери, кои отворено ги одобруваат и поддржуваат оние, што ја смислуваат и водат војната против „северџГаните“, „шиптарите“, „циганите“, „муџите“ и сите поинакви од убер-Македонецот (и Вртев ги разочарал, оти никогаш и не го разбрале), кои реторички се бесат, убиваат, спружуваат, плукаат. А голем дел од нашиве рокери – молчи, одобрува, па дури и поддржува?
Дали ова има врска со политика, или е чисто онака, антимилитаристички, пацифистички, рокенрол, а?
ФБ статус на Петрит Сарачини