АЦО ЛИГЊА: „Јас не се сеќавам кога последно, не само во Македонија туку и во регионот, во рок од две недели се пуштиле во употреба 42 км експресни патишта и 31 км пруга. Такво нешто се нема случено во историјата на Македонија“.
Шо, Македонија? А бе светската историја не памти ништо слично! За тебе и за твоите достигнувања ќе се учи на високите школи ширум светот!
Туку, дај нека го сменат чоекон од функцијата, оти како тргнал со градење, за една година цела Македонија ќе ја „постели“ со автопати и пруги. После шо прајме? Шо ќе работат тие шо ќе дојдат после него? Ич не е убо вака, не е колегијално спрема другите министри. Тие мрзи неспособни, Лигња жив ѓаол!
Давала кадри арамиската Бела палата, ама вакво чудо – не!
ФБ став на Зоран Милошески