– Од секојдневниот, организиран напад против правната држава, не успеваме навистина да ги лоцираме и критикуваме погрешните чекори. На секој чекор блокада и закана. Како да не се работи за нашите животи, како да не се работи за нашата земја, констатира граѓанскиот активист Џабир Дерала во неговата колумна за Цивилмедиа кој потсетува дека, пред самиот крај на овој долг пат, како што вели, изгорени претходниот пат, треба да бидеме претпазливи до последниот миг, пред навистина да го започнеме процесот на преговори за членство во ЕУ.
-Ова се часови и кога црната пропаганда ќе ги јавне највисоките коњи и ќе јава до последниот здив. Само да не станеме членка на ЕУ. Бидејќи, за криминалните структури и нивните соучесници со умисла, ова е битка на живот и на смрт. Да, мора да се направи разлика меѓу оние што, со умисла, се борат против нашата заедничка европска иднина и оние што од глупост, суета или замаеност од алуминиум ги држат опашките на антизападната пропаганда, пишува Дерала.
Колумната во целост на следниов ЛИНК.