Дувна ветре го однесе кичерајот на вмровците. Фасада на МЕПСО за која се потрошија цели 11 милиони евра им подлегна на повредите од скопскиот ветер. Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето, рече Шилегов.

Мицкоски не е засекиран за 11 милиони отидени буквално од ветер во магла. Сигурно во неговиот професорски светоглед 11 милиони евра се нели ситница во однос дека „Скопје 2014“ нè кошташе повеќе од пола милијарда евра народни и „законски“ украдени пари, па ич не го тангира тоа. Наместо тоа, Мицкоски го засекирала сатирата на АХА со наслов: „КОРОНА: СЗО препорачува да се одложи маршот на ВМРО – Мицкоски без гајле обезбедени се 1,3 тони лук“, па вели:

– Исплашени се, го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал – рече Мицкоски.

Вистина е дека игравме врач танц околу огнот во редакцијата на АХА, за да го минираме вмровскиот протест, откриени сме, виновни сме!

Друже Мицко, примете го нашето најискрено извинување.

Во меѓувреме Шпанскиот парламент го ратификува Протоколот за НАТО и официјализирањето на државава како НАТО членка е прашање на денови-недели.

Отиде шегата за вмровците по ѓаволите.

Општа паника во Белата палата, од АХА би рекле: летаат лустери, таписерии на сите страни, Мицкоски се заканува со оставка, Влатко Ѓорчев и оној со обравчињата Александар (нека ми прости заборавам му презимето), се влечат по него и го молат да не пренаглува со избрзани одлуки. Подните мозаици од влечкањето на Влаткич и оној со обравчињата очигледно се оштетени, останува по некој мозаик здрав-читав, а овие молат: Аман шефе ќе не можеме да ја продадеме Палатава а 8 милиони долг имаме, ако ја разбоздисаме ќе ни намалат на цена. Нареден момент се отвора вратата и влегува видно вознемирен Курир – вели дека има две вести и двете се лоши: Заев и Касами објавиле победничка предизборна коалиција на СДСМ и БЕСА. Фрла Мицко со вазни и сè друго што му паѓа во раце по Курирот и урла: Неспособници. на тие силни милиони ли што ни ги праќаат другарите од Пешта и Словенија за потхранување на медиумите за да шират лажни веси и паника за короната, не успеваме да створиме хаос и државата успешно се справува со вирусот.

Мицко, ги брка сите. Останува сам и врти во Будимпешта. По некој момент климање ја спушта слушалката и констатира – Наебав.

Надвор сè уште дува „Развигорот“, но нема што уште да донесе полошо за вмровците, бар не овој ден.

Коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ за Фронтлајн