Како што можеше и да се очекува, вистинските намери на опозицијата ќе се отсликаат на нивните кандидатски изборни листи. На секои избори, за сите партии, тоа е најделикатното предизборно кадровско и политичко прашање. Впрочем, и СДСМ преку тукушто објавените кандидатски листи очигледно „исплаќа“ долгови за некои од тешко донесените одлуки во минатиот состав на Собранието.

Како поминал разговорот помеѓу Груевски, Мицкоски и Николовски во Будимпешта ќе дознаеме за помалку од 24 часа. Натегањата околу составот на пратеничките листи станале толку драматични – ако им верувам на моите добро упатени извори во опозицијата, Груевски бара 12 добитни пратенички места за неговите луѓе во партијата, плус уште 6 за кои инсистира Ѓорге Иванов, а кои би се „маскирале“ под „новите“ носители на листите во 6-те изборни единици – што веќе не можеле да се решаваат преку посредници и несигурните телефонски координации.

Мицкоски имал нешто поинакви идеи од таа на пратеничките листи „да ги спасува“ партиските колеги, извршители од време на владеењето на Груевски. Неговиот аргумент, наводно, бил рационален, бидејќи со такви кандидати партијата не може да се надева на изборен успех во април, на што упатувале и испитувањата на јавното мнение кои се правени за изборните потреби.

Груевски инсистирал на цела дузина свои блиски соработници партијата и на овие избори да им обезбеди пратенички имунитет, по цена и да не се освои власта. Тоа е можеби и разбирливо, бидејќи целата таа дузина е исправена на тековни обвинителни клупи каде, ако се разочараат, можат да почнат неконтролирано да сведочат за кривично-правни настани кои го засегаат не само Груевски, туку, имено, и изборниот резултат на опозицијата. Не е Мицкоски единствениот со кого комуницира Груевски во Скопје.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК