Откако Државниот завод за статистика ја сподели инфомрацијата за просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година која изнесува 26.836 денари, Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ, сподели фотографија на која се гледа растот на просечната нето плата во изминатите 10 години.

Од фотографијата може да се забележи дека од 21 454 денари, просечна нето плата во 2010. година, денес платата е значително зголемена.

„Сликата кажува сѐ!“, порача Колемишевски.