Владата го донесе ребалансот на буџетот во кој:
• не се предвидени пари за раст на платите во ниту еден сектор;
• нема средства за пораст на минималната плата;
• намалени се средствата за ИПАРД програмите, што значи помалку пари за земјоделците;
• се укинува авансната исплата на субвенциите за земјоделците и се крати интервентниот фонд;
• намалени се финансиските средства за националните сојузи за инвалидски здруженија;
• помалку пари ќе има и за граѓанските организации кои се борат против семејното насилство;
• не се предвидени финансиски средства за покривање на обврските од социјалната заштита,
• нема покачување на средствата за детска заштита;
• не се предвидени средства ниту за реформа на системот за заштита и спасување;
• нема пари за поддршка на инвестициите на домашните компании.
Гордо Македонијо!
ФБ став на Зоран Милошески