zoran milosevski
Со гласовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во 2013 година за министер за одбрана во Владата на Никола Груевски беше избран Талат Џафери, алијас „Командант Форина“. „Патриотите“ од ДПМНЕ немаа проблем да кренат рака за поранешниот командант на УЧК, исто како што без никаков проблем кренаа рака и ја изгласаа амнестијата за „Хашките случаи“.
Истата 2013 година, на комеморацијата која по повод Денот на народната жалост, крајот на Првата светска војна и 50-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор се одржа на Германските гробишта во Прилеп, на тогашниот прилепски градоначалник и другите квазипатриоти од ДПМНЕ не им сметаше срдечно да се ракуваат, да застанат рамо до рамо и да се сликаат со министерот Талат Џафери. Тој ден, пред амбасадорите на Германија и Франција „продаваа“ европски вредности, кохабитација и демократија. „Патриоти“ беа следниот ден кога, кукавички и шверцерски, од веб страната на Општина Прилеп ги избришаа сите фотографии со „клетиот Шиптар“ Талат Џафери.
Денес кога нивната партија станува дел од техничката Влада, лицемерието на мицковци доживува кулминација – нема да ги гласаат ниту кандидатите за министри кои сами ги предложија! Ама сеедно – со нив или без нив, Влада ќе има а државата ќе продолжи да функционира.
Хипокризијата, лагата и омразата имаат едно име – ДПМНЕ!
ФБ став на Зоран Милошески