Мицкоски живее во некој свој свет, во својот замок опкружен со ламји со седум глави и огнени јазици, придружени од опасни и зли сеништа. Тој е храбриот витез кој, придружен од своите послушни штитоносци со румени образи, шубари, бели бечви и црни гајтани, со опинци на нозете, го брани малото кралство од страшните напаѓачи. Среќни „човечиња“ спремно потскокнуваат да ја поздрават секоја негова мудра и државничка одлука, мисла и постапка, секој него збор.

И не се буди. Не.

Во малото кралство на Мицкоски, тој е врховниот судија и може со една реченица да осуди луѓе на десетици години затвор и да каже дека истрагата во која учествуваат германски истражители не е објективна. Нему му се важни оставките. Тој се гади од Заев. И ќе победи на изборите, како и на сите избори до сега.

Бидејќи е сеприсутен, тој „знае“ дека пописот нема да биде успешен. Вели дека „има многу турбуленции“. Ништо не чини во тоа мало кралство каде што овој оклопен витез се бори за човечките правдини. И тој е решението за сите проблеми. Заедно со своите штитоносци, се разбира.

За витезот од оваа кратка политичка сказна, „владата и институциите се неспособни“. Затоа, „хируршки прецизно треба да ги отстраниме, а тоа ќе се случи уште на овие локални избори“. Така рече.

Целата колумна на Џабир Дерала за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.