Ја следам вревата што ја предизвикуваат мераклиите за демократија и, демек, вредностите на таа истата. Најгласни се поранешните окупатори, а денес опозиционери (само заради добрата воља а и далекувидост на ослободителите) кои, ене ги, во транс, бладаат ли бладаат, полупијано како и секогаш, за демократија, за гласања, за лидери за којзнае уште што се им е запишано во тефтерчињата наследени од првата генерација на “врбуваните и инструирани патриоти“, а кои тефтерчиња, бевеме сведоци, кај нив одат по принципот “од колено на колено“.
Нејсе, а не се осамени деликвентиве. Не се и за жал, во нивно друштво се и многумина, да ги наречеме “други“, кои никако нема да може да разберат дека СДСМ (легитимен и габаритно дел од “Шарената“, ако имавте дилеми) го прави САМО следниот чекор кон вкупната демократизација на општеството, а што ќе рече и она што учените го нарекуваат “Политичко организирање“.
Имањето на еден кандидат на внатрепартиски избори е само дел од еден процес на реорганизирање на политичка партија и нејзина подготовка за влегување во следната, со сите нишани, политичка фаза на дејствување, а со полна свест дека во досегашниот тек на работите ништо од тоа што го превзела како одговорноста, а требала да го сработи, не е сработено во целост, ниту пак без грешки, поточно и груби повреди на она што како вредност(и) сите ние ги знае(в)ме и заради кои со месеци (а некои со години), “меревме улици“.
Та ТАМУ (во СДСМ) не седат белки глупаци кои не се свесни дека се можни вакви, предкооперациски забелешки и дека ќе има рафална стрелба на полуписмени, воглавно, партиски мегафони, или пак. ѓоа, интелигенти, жедни да се истакнат кај своте follwers!
Според тоа, бидете си рајат, исплакнете си ги устите, макар и со плукање, ќе ве издржиме, чувајте се Corona Time e, и знајте дека, ако не нешто повеќе, НЕМА ДА СЕ ДОЗВОЛИ ВЕЌЕ НИКОГАШ ОВАА ЗЕМЈА ДА БИДЕ ОКУПИРАНА ОД ДЕЛИКВЕНТИ ПА МАКАР И СО НАДВОРЕШНА ПОМОШ, а дека тие што се на ред за судење, ќе си бидат судени и осудени. Ако има нови кандидати, повелете, оти кај да е, “ќе се делат бројчиња“ и на “ваши“, ама и на “наши“!

ФБ статус Гунер Исмаил