Она што се одвива зад грижата за здравјето на луѓето и за економскиот колапс сепак е жестока предизборна пресметка.

На политичката сцена во Македонија во вонредна состојба повеќе од еден месец се одвиваат истовремено два процеса. Еден јасно видлив, каде сите политички партии и лидери имаат ист став. Сите без исклучок се категорични дека најголемиот и единствен приоритет е борбата со епидемијата од корона вирусот и заздравување на економијата. На сите тоа им е првата и најголема грижа. Тоа ни го повторуваат секој ден сототици пати како да насетуваат дека се сомневаме во тоа што го зборуваат.

Ако може да им се верува, изборите им се последното гајле на кое ќе му се посветат откако ќе заврши опасноста по здравјето на граѓаните и ќе се укине вонредната состојба. Да, така тврдат нашите партиски челници сите до еден, доволно итри и внимателни да препознаат дека во овој момент да се бараат избори е крајно непопуларна и опасна работа која наидува на осуда во јавноста. Но, она што се одвива зад грижата за здравјето на луѓето и за економскиот колапс на државата, сепак е жестока предизборна пресметка која се’ повеќе е видлива и се’ повеќе валкана. Па така, големата грижа поприма грда слика на лицемерие и недоверба.

За што се залагаат Заев и Мицкоски

Во последните настапи на партиските лидери можат да се видат нијансите кој за што се залага. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за nezavisen.mk вели: „Рано е да се зборува за избори. Посветени сме целосно на борбата против пандемијата од корона вирусот и против последиците што таа ги остава врз здравството, врз економијата, образованието, социјалниот живот. Избори ќе се случат кога ќе ја победиме оваа криза и општеството ќе биде подготвено за тоа. Кога дошол тој момент ќе почувствуваме заедно со граѓаните и со стручните лица од здравствениот сектор.“ Заев не гледа потреба од лидерска средба и е оптимист за надминување на проблемите со Бугарија.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара итна лидерска средба кај претседателот на државата најавувајќи цел пакет мерки кои треба да се преземат за ублажување на кризата со тоа што не сакаше да презентира детали пред да се расправа за нив на лидерската средба, што е сосема разбирливо. Но содржината на пакетот остана тајна само еден ден.

ВМРО-ДПМНЕ веќе обелодени дека на претстојната лидерска средба, покрај за состојбата со здравствената заштита на населението и мерките за економската криза, кои, како што велат, се приоритет број еден во моментов, неопходно е да се разговара и усогласи заедничка стратегија, но и да се донесе  документ како одговор на условувањата на Бугарија. Воедно да се разговара и за поставување основи за заеднички усогласена надворешна политика, како и стратегија за национална безбедност. Тоа, според опозициската партија, би биле документи од долготраен карактер и ќе бидат обврзувачки за сите идни влади.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниот ЛИНК