Честитки ,,Медена земја”!
Вие испишавте историја и ние сме ви преблагодарни за тоа! Ве чекаме со раширени раце, играјќи на песната од Атиџе, радувајќи се за Самир, Тамара, Љубо, Фејми, Атанас, Фолтин и на целата екипа која го воздигна медот во планетарни рамки.
Оваа екипа совршено ја прикажува вистинската слика за Македонија, а толку суптилно ја отсликува злоупотребата на капитализмот со најранливите прашања денес во целиот свет, а не само кај нас.
Такви на пример се зачувувањето на традицијата, борбата на Природата со човекот, борбата на човекот со себе – да остане свој и покрај машинеријата на капитализмот, но исто така и меѓучовечките односи и соседството, како и сиромаштијата, истакнувајќи сепак една мала земја со големи успеси и соништа кои се остваруваат, како и успешни жени на чело на проекти како паралела со матријархатот кај луѓето и кај пчелите. Една прекрасна мешана екипа од различни националности, со различни верски убедувања, зборувајќи многу различни јазици, различни стилови на живеење и позадини на созревање, соживот на различности по сите основи, луѓе со нетипичен развој, зачувување на животната средина, но и заштита на пчелите како светско прашање.
Вечерва светот воочи дека капитализмот и консумеризмот се сè уште посилни од тоа што го заговара ,,Медена земја”. И дека борбата продолжува.
,,Медена земја” е приказ на сè што светот ништи пред себе, на сè што сме изгубиле и што постои можност да изгубиме, но и на тоа дека само сплотени – заедно, можеме да пркосиме на неубавото и да ги дофатиме соништата како реалност, дури и тие соништа кои не сме знаеле дека можеме да ги сонуваме.
Честитки ,,Медена земја”! Вие ни дадовте пола нас, но, задржавте и пола за вас. Зашто само така повторно ќе се радуваме на вашите идни успеси. Ве сакам.
ФБ статус на Огнен Јанески