Три битни поенти од вчерашниот дуел.

🔹️1. Мицкоски, и по 2 години, не даде одговор што барал на 27 април пред вратата на Собрание и дали, како директор на ЕЛЕМ и висок член во ВМРО-ДПМНЕ, знаел дека дента е планирано насилство.

🔹️2. Тој не се обрати во ниеден момент на левичарското гласачко тело на СДСМ (430.000 во 2016), кои беа дел од ,,шарена револуција” и протестите за пад на Груевски, напротив не сакаше дури ни да зборува за владеењето на Никола Груевски, камоли да го осуди тој режим.
Не се обрати ни на етничките групи, особено Албанците.

🔹️3. Тој не даде одговор за иднината на земјата, каде мисли да ја носи ако му се даде шанса, со оглед дека бараат поништување на Преспански и враќање на ,,името”.

Сиот друг фолклор, новчаници, ,,господине Заев”, ,,ви велам и ве гледам во очи”, ,,ова е суштината” не носат ни приближно власт и Влада. Мицкоски, се бави единствено со фаќање ситни поени само кај вмровците и така некако ќе оди и на избори. Друга целна група, тој – нема. Ограничен е само на ,,своите”. Според политиколошките науки, ако контекстот е Македонија, тоа води кон сигурен пораз.
Бидејќи, тој како опозиција, е во инфериорна положба. А, не нуди ништо.
Оној кој е власт е во повластена положба. Секогаш. Веќе има ,,километража” за кампања.

ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци