На денешен ден се обележуваат две години од Преспанскиот договор, и заради тој договор, на денешен ден Зоран Заев добива награда за човекови права за 2020 година.
Договор од Преспа, имено, ни покажа дека во оваа земја има прогресивни сили кои умеат да работат на мировни политики. Второ, ни покажа дека улогата на политиката и политичките партии е тука за да помирува, за да создава атмосфера на дијалог и, политиката е тука за беспрекорно да ги чува, штити и афирмира човековите права. Не своите права, туку политиката е тука за да ги чува, штити и афирмира туѓите права, првата на слабите.
Оттука, политиката на мир и дијалог секогаш ќе ја поддржам.
Честитки за Зоран Заев!
ФБ статус на Ненад Јовановиќ