“Гоце Делчев е државата Македонија”, вели Мицкоски. Прво, државата има име, се вика Северна Македонија. Второ, државата се институциите. Таа тоталитарна матрица “државата е Гоце Делчев” се исчитува дека “државата е Мицкоски”, така што го искористува името на Гоце Делчев дефинирајќи ја државата. И трето, едвај чекам да биде збришан на изборите. Ваков безобразник, манипулатор и штетник не смее да води држава.
Гоце Делчев и Ајфон во џебот се две реалности. Мицкоски докажува колку е изместен од реалноста. Ја води земјата во нов конфликт дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец.
Државата е она што пишува во Уставот, о, ти штеточино светска! Устав што редовно го пучираат штом се доберат до власт.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ